Не стивнуваат препукувањата меѓу Муареми и Русковска, и двајцата обвинуваат за притисоци

Откако денеска Финансиската полиција и нејзиниот прв човек, Арафат Муареми, поднесоа претставка со која се жалат на постапувањето на Вилма Русковска, обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска оцени дека со претставката од финансиската полиција се врши притисок врз обвинителството и судот.

Таа за Дојче Веле изјави дека претставката била испратена уште минатиот вторник, само еден ден откако обвинителите го започнаа претресот во државната институција. Тоа што информацијата се споделува со јавноста една недела подоцна, според Русковска, претставува директен притисок врз нивната работа во отворената предистрага.

„Со оглед на тоа дека претставката е поднесена минатиот вторник до обвинителот Јовески, нејзиното соопштување сега во јавноста го сметам за директен напад на обвинителството и судот“, вели Рускоска за ДВ.

По изјавата на обвинителката, повторно се огласи Муареми:

„Уште кога го пишував соопштението бев свесен дека Русковска ќе го злоупотреби зборот ‘наводен притисок’ врз институциите, но сепак, обвинителке, штитењето на своите права и правата на Управата за финансиска полиција од неосновани и незаконити дејствија и реакција до надлежните органи е моја обврска и по Уставот и по законите“, реагира Муареми.

Тој вели дека во наредбата за претрес во Управата за финансиска полиција стоела квалификација „основано сомнение“, а Русковска во својата денешна реакција рече дека „само проверувале наводи по пријава“. „Ваква мерка и квалификација се дава кога веќе е на располагање доказниот материјал“, вели Муареми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот