Не сме акционерско друштво да ја снабдуваме Србија со горива, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на прашање на медиумите за состојбата во Србија и проблемите со нивната нафтена индустрија, како и за тоа дали Македонија би можела да го снабдува јужниот дел од соседната земја со деривати, рече дека ја разгледуваат секоја можност, но истакна дека „не сме акционерско друштво за да ја снабдуваме јужна Србија или другите земји во регионот“.
Препорачано
„Тоа го прават приватни компании коишто водат бизнис. Ние како држава ги спроведуваме сите чекори за тој продуктовод, којшто долги години беше уништуван, да биде ставен во функција. Испитувањата мислам дека се при крај и треба да почнат пробите на притисок. На Влада помина ценовникот, така што очекувам оваа година продуктоводот да биде ставен во функција, а потоа компаниите, доколку најдат интерес, да си преземат, што е нивна работа“, рече Мицкоски.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека доколку НИС не ја добие американската лиценца до крајот на денешниот ден, земјата ја очекуваат „тешки денови“. Според него, тоа би значело целосно запирање на работата на рафинеријата, а од понеделник ниту една банка не би работела со компанијата. Вучиќ процени дека шансите за добивање на лиценцата се 40%, а 60% дека Вашингтон ќе даде негативен одговор.
Вучиќ им се обрати на Американците: Вчера молев, денеска барам да се обнови лиценцата за НИС


