Не се работи за неверство: Зошто жените тајно ги вадат бурмите?

Unsplash
Unsplash

Кога имаат намера да ја изневерат партнерите, многу мажи и жени ги вадат венчалните прстени за да сокријат дека се во брак или да се обидат да си ја олеснат совеста. Ова може навидум да „работи“ за кратко време, бидејќи за да имате чиста совест, единственото решение е да не вршите прељуба.

А, изневерувањето не е секогаш причината зошто дури и жените потајно ги вадат бурмите. Луѓето од целиот свет откриле на апликацијата „Whisper“ зошто ги вадат бурмите. Мажите, споделиле дека најчестат причина е потребата за флерт и секако неверство, но дел од жените покрај прељубата навеле една интересна причина зошто ги вадат бурмите во една специфична ситуација, а тоа е кога ќе ги застане полиција за собраќаен прекршок.

„Со малку шарм и без венчален прстен, полесно е полицијата да прогледа преку прсти на жените“, признаl еден корисник на „Whisper“. Криењето на венчалниот прстен е докажана женска тактика, дури и кога сакаат да добијат бесплатен пијалак, но и кога ќе побараат малку повеќе, како флерт без крајна цел да го изневерат својот сопруг.

„Понекогаш, кога сопругот не е околу, го вадам венчалниот прстен и ги оставам мажите да ми се додворуваат бидејќи тоа ми го крева егото. Иако, никогаш не би го изневерила сопругот “, ја откри нејзината мала тајна друг корисник на „Whisper“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот