Не можел да ја преболи: Трагичната љубовна приказна на Џејмс Дин

Џејмс Дин и Пјер Анџели
Џејмс Дин и Пјер Анџели / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Џејмс Дин, еден од најпознатите холивудски актери на сите времиња, е починат на денешен ден во 1955 година. Тој бил вистински миленик на жените и познат заводник, но ја загубил најголемата љубов во животот и никогаш не успеал да ја преболи, пишува „Стил“.

Џејмс Дин е роден во малото гратче Марион во американската држава Индијана, на 8 февруари 1931 година. Уште од најраното детство, тој бил многу приврзан со својата мајка Милдред Вилсон, за која тврдел дека е единствената што го разбирала. Кога неговата мајка ненадејно починала од рак, кога тој имал само девет години, неговиот живот целосно се променил. Татко му го испратил да живее заедно со вујко му и вујна му, постапка што целосно ја нарушила нивната врска.

Џејмс Дин во 1955 година / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Неговите биографи тврдат дека тој нашол утеха во дружбата со свештеникот Џејмс Девард, кој, наводно, му ја разгорел љубовта кон брзите автомобили.

Додека студирал право во Калифорнија, Дин ја открил љубовта кон глумата, што потоа ќе го направило филмска легенда.

Лошо момче со меко срце. Тој често го менувал расположението и многу лесно се трансформирал од тивок и срамежлив тип во смешен комичар кој ги забавувал сите.

Џејмс Дин во 1955 година / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Сепак, студиите го поттикнале да игра на картата „кул дечко кој ретко се насмевнува во јавност, никогаш не вади цигара од уста и крши срца каде и да оди со својот мотор или спортски автомобил“.

Благодарение на неговата магнетна привлечност и неверојатна харизма, тој успеал да ги претвори дури и најобичните парчиња облека, како што се сини фармерки и бела маичка, во моден тренд кој и ден-денес се копира. Џејмс Дин несомнено го имал „тоа нешто“ што ги привлекувало луѓето, без разлика на нивниот пол. Не му одолеале ниту Мерилин Монро, Елизабет Тејлор, Џоан Крафорд и Џуди Гарланд. Но, тој не можел да преболи само една – Пјер Анџели.

Пјер Анџели и Џејмс Дин / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Италијанската актерка Пјер Анџели и Џејмс Дин не биле долго во врска, а имало неколку причини за нивното раскинување. Нејзината мајка не го одобрувала некатоличкиот начин на живот на Дин, брзите автомобили и начинот на облекување. Исто така, луѓето од филмското студио со кое работел се обиделе да го одвратат да се ожени со Анџели.

Самиот Дин ѝ признал на младата актерка дека сѐ уште не е подготвен за брак, а недолго по нивното раскинување Анџели се верила со пејачот Вик Дејмон, со кого и се венчала во 1954 година. Дин останал шокиран и со скршено срце.

Џејмс Дин и Пјер Анџели / Фото: Courtesy Everett Collection / Everett / Profimedia

Бидејќи бил во неверување и морал да се увери дека сето тоа е вистина, на денот на венчавката Дин се појавил пред црквата со својот мотор.

Четиринаесет години по завршувањето на нивната врска, Пјер Анџели опишала како изгледала таа романса:

„Ќе отидевме заедно на калифорнискиот брег и ќе останевме таму, што подалеку од љубопитните очи. Поголемиот дел од времето го поминувавме на плажа, седејќи, забавувајќи се, исто како и студентите. Зборувавме за себе и за нашите проблеми, за филмовите и за глумата, за животот и за животот после смртта. Се разбиравме целосно. Бевме како Ромео и Јулија, заедно и неразделни. Понекогаш на плажа се сакавме толку многу што само сакавме да одиме во морето заедно држејќи се за раце, знаејќи дека тогаш ќе бидеме заедно засекогаш.“

Џејмс Дин имал петгодишна кариера во Холивуд и глумеше во три големи филма – „East of Eden“, „Rebel Without a Cause“ и „Giant“. Му се предвидувала огромна слава и успешна кариера, но еден месец пред премиерата на „Rebel Without a Cause“, 24-годишниот актер загинал во сообраќајна несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот