„Не може во медицина да делите кадар по јазик“: Реакции по конкурсот за упис во „Панче Караѓозов“

Фото: Маја Бакраческа / Гугл мапс

„Не може во медицината да делите потребен кадар по јазик. Кадарот се вработува според потреба на болниците“, рече денеска Гордана Бешлиовска од Унијата за здруженија на медицински сестри, техничари и акушери, во реакција на конкурсот на скопското Средно медицинско училиште „д-р Панче Караѓозов“ во кој за упис на насоката за акушерки годинава не се предвидени паралелки кои ќе учат на македонски јазик, објави „Канал 5“.

За Бешлиовска, двата смера воопшто немаат сличност, и не може медицинските сестри да конкурираат за оглас за акушерки. Таа објаснува дека сестрите во образованието точно добиваат каков профил на сестра ќе оди. „Не може медицина да се меша со националност – медицинската сестра се едуцира со цел да има подобро образование во дејноста која ќе ја врши“, вели Бешлиовска.

Од здружението ќе реагираат до институциите кои одлучуваат.

Маја Салиу, директорката на средното училиште „д-р Панче Караѓозов“ за „Канал 5“ пред два дена објасни дека за уписот за средното училиште се зголемила една паралелка на Македонски јазик кај медицинските сестри, а кај смерот за акушерки е само на Албански јазик. Таа вели дека нема разлика меѓу двете насоки и дека нема дискриминација за ниту еден нов ученик во ова училиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот