НЕ ИМ Е ЛЕСНО НА МАЖИТЕ: Од овие машки личности вашето момче навистина се плаши

пар љубов

Колку и да се вели за мажите дека се посилен пол, во врските некогаш оваа фраза баш и не важи, особено кога треба да се соочат со машките личности од животот на нивната сакана.

Може да се каже дека врзувањето и љубовта не ги плашат толку, колку помислата на некои од вашите блиски мажи, со кои немате романтична врска.

Еве за кого се работи:

Вашиот најдобар пријател

Дури и 100 пати да повторите дека сте само пријатели, вашето момче ќе продолжи да се сомнева во искреноста на тоа пријателство. Многу почесто момците имаат љубоморни испади поради пријатели, отколку поради потенцијални додворувачи.

Вашето поранешно момче

Со секое спомнување на поранешното момче, на вашето сегашно му се крева косата, особено поради помислата дека некој некогаш ве допирал и бакнувал. Уште полошо е ако го познава и ако мисли дека вашиот поранешен е поатрактивен од него. На вас е да му објасните дека местото на поранешните партнери е во минатото.

Вашиот татко

Кон него има изразена стравопочит. Сосема е нормално вашето момче да се плаши од вашиот татко, колку и да е тој смирен и прекрасен. Но, не грижете се, за кратко време ќе се навикнат еден на друг.

Вашиот брат/братучед

Вашиот најблизок машки роднина, братот или братучедот, има потенцијал да биде многу близок пријател со вашето момче, но само под услов момчето да сфати дека нема да го „убијат“ затоа што е блиску до саканата сестра, односно братучетка.

Вашиот претпоставен

Ова може особено да им оди на нерви доколку вашиот шеф е млад и е пристапен и разбран. Најдобро е да избегнувате да зборувате за вашиот претпоставен пред момчето, дури и во негативен контекст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот