Не е првоаприлска шега, Рајола и таткото на Халанд слетаа во Барселона

Фото: EPA-EFE/LARS BARON / POOL

Иако денеска е денот на шегата, и светските медиуми знаат да се пошегуваат со своите читатели, веста која доаѓа од Шпанија е вистинска и може да предизвика фудбалски земјотрес на трансфер пазарот.

За разлика од целиот свет кој денеска знае да „пушти“ лажна вест, во Шпанија денот на шегата е 28. декември и затоа  денешната информација за многу светски медиуми е релевантна, а дополнителен доказ се и фотографиите и видеото од аеродромот во Барселона.
Според каталонскиот весник „Спорт“ кој го објави видеото, агентот и таткото на Ерлинг Халанд, Мино Рајола и Алф-Инге Халанд , на аеродромот Ел Прат биел пречекани од личниот асистент на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

Според извори на весникот, Лапорта на Рајола и таткото на фудбалерот на Борусија Дортмунд, им го презентирал новиот проект, но ништо не било договорено.

Наводно, Рајола во наредните неколку недели ќе има средби и со претставниците на останатите екипи кои се заинтересирани за Ерлинг Халанд, по што на крајот ќе следи состанок со челниците на Борусија на кој ќе биде одредена цената за трансферот.
Ерлинг Халанд оваа сезона на 31. Натпревар за Борусија Дортмунд во сите натпреварувања постигна 33 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот