Не беше намерно: Ерера во дресот на ПСЖ! (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Ерера помина четири години во дресот на Јунајтед, а најновите информации велат дека Шпанецот ќе продолжи да настапува за францускиот шампион.

Иако нема никаква официјална потврда дека е нов член на „светци“ од Париз, „случајно“ клубот од Париз го објави дрес со неговото име и со број 21. Но, по кратко време веднаш беше избришано името од клупскиот сајт.

twitter.com/TheSunFootball

И од претходно се шпекулира дека е можно да се пресели во редовите на ПСЖ и евентуално го комплетира трансферот оваа недела, после заминувањето на Адриен Рабио во Јувентус.

Од 2014 година за „црвените ѓаволи“ имаше 132 натпревари и 12 голови, а претходно играше уште за Реал Сарагоса и Атлетик Билбао.

Со тимот од „Олд Трафорд“ има по еден трофеј во ФА Купот, Лига купот, ФА Комјунити Шилд и Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот