Навивачите во Катар ќе плаќаат 200 евра од ноќ за сместување во контејнери

Катар ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство 2022/фото: EPA/STR

ФИФА го поремети натпреварувачкиот календар во сезоната 2022/23 како никогаш досега во историјата на фудбалот. Организацијата на Светското првенство годинава ја доби Катар, а првпат се одржува во ноември и декември, бидејќи тогаш жештините се најмали во богатата земја на Арапскиот Полуостров.

Наводно е направено сè што е можно сите репрезентации да имаат што е можно подобри услови и климатизирани соби, но кај навивачите приказната е поинаква.

Се ближи најголемиот фудбалски настан во светот, но во Катар сè уште многу не е подготвено, бидејќи земјата и натаму продолжува да се подготвува за планетарниот спектакл. Британските медиуми ги посетија локациите на кои ќе пристигнат илјадници фанови, а освен хотелско сместување, многу фанови ќе бидат сместени и во контејнери.

Веќе многу се зборуваше за стадионот „974“ кој во основа се состои од 974 контејнери и кој по турнирот ќе се користи за други цели. Но, „Дејли мејл“ неодамна го посети Катар и откри колку напорни се подготовките за пристигнувањето на голем број туристи и навивачи поради СП.

Споменатиот медиум изрази загриженост порадид роковите, но и за изгледот на контејнерскиот комплекс во кој ќе бидат сместени многу навивачи. Сместувањето во шатори чини 400 евра од ноќ, а во контејнери 200 евра. Но, ниту едното ниту другото не изгледа привлечно.

– Шаторската населба сè уште е во изградба, а се наоѓа во пустина, на 40 минути возење од центарот на Доха. Навивачите наводно ќе имаат на располагање базени, теретана, тениски терени и клима уред. Во комплексот не се продава алкохол, но плажата е многу блиску. Таму наводно ќе може да се купи алкохол – пишува „Дејли мејл“.

Изворот воедно пишува дека шаторската населба е луксуз во споредба со контејнерите кои изгледаат особено непривлечно. Сè наликува на некаков логор за воени заробеници со низа куќички со контејнери кои се протегаат во должина од половина километар. Не се знае дали секоја куќа има свој тоалет или дали фановите ќе го делат.

Експертите прогнозираат: Ќе има големи изненадувања на Светското првенство во Катар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот