Навивачите се обединија: Доживеавме предавство
Фудбалските навивачи низ целиот свет го покажуваат својот бес и гнев откако во неделата вечерва е објавено дека 12 европски клубови одлучија да формираат Суперлига.
Во „лигата на богатите“ ќе учествуваат дури шест англиски екипи, но нивните навивачи јавно го искажаа својот револт.
Навивачката група на Ливепрул изјави дека згрозена од одлуката на газдите на клубот, Фенвеј Спорт и веќе го погребаа клубот.
„Фенвеј Спорт ги игнорираше навивачите во нивната неуморна и алчна потрага по пари., Фудбалот е наш, а не нивен. Нашиот фудбалски клуб е наш, а не нивен“, порачаа навивачите.
ФОТО: Ливерпул остана сам, навивачите го „погребаа“ својот клуб
Навивачите на Челси сметаат дека потегот на клубот не непростлив.
„Навивачите на фудбалот низ целиот свет доживеаја предавство. Овој потег е непростлив“.
Навивачите на Арсенал отидоа дури чекор подалеку.
„Овој потег го доживуваме како смрт на Арсенак како спортска институција“.
Против се и навивачите на двата клуба од Манчестер:
„Тие кои одлучуваат во нашиот клуб не ја почитуваат традицијата. Одлучни сме да се бориме против Суперлигата“, порачаа навивачите од „синиот“ на Манчестер.
„Предлозите за Суперлигата се целосно неприфатливи за нас. Тоа натпреварување е против се што фудбалот треба да претставува и за што се залага клуб со традиција и големина како Манчестер јунајтед“, е пораката на фановите на Јунајтед.
Гневни се и фановите на Тотенхем кои сметаат дека челниците на екипите ги интересира само профитот, но се чини дека при донесувањето на одлуката за формирање на Суперлигата, газдите на екипите не ги интересираше мислењето на навивачите. Со ваквите реакции на фановите, сега главно прашање е какви последици би имала Суперлигата кога станува збор за посетата на навивачите.
Првиот човек на УЕФА е гневен: Не знаевме дека имаме толку змии околу себе
УЕФА контра Суперлигата, нов формат на Лигата на шамионите од 2024 година