фото: facebook.com/KK.Rabotnicki.Skopje

Навивачите на Работнички жестоко реагираа, бараа оставка од сите во управата

Навивачката група на Работнички „Сити Парк Бојс“ го искажа своето незадоволсво и жестоко реагираше против актуелната управа на клубот.

Со објава на социјалните мрежи, тие најавија и бојкот на натпреварите додека работите не се променат.

„Чашата е прелеана! Долги години нашиот миленик КК Работнички тоне во долгови и се мачи од сезона во сезона да скрпи крај со крај поради криминалците во одела во управата и стручниот штаб. Ние бараме оставка од управата во најкус можен рок и отчет на сите влезни и излезни средства од КК Работнички кој за нас е светост, а за некого очигледно само бизни проект! Затоа одлучивме да ги бојкотираме сите домашни натпревари (на туѓ терен) на нашиот миленик. Борбата за нас почнува во овој момент!!!Ку*ви, политика, лопови, управа, сите сте ни преку ку*от, искрена и вечна љубов за Работнички и ништо друго“, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот