Навивачите на Лејкерс претераа со славењето, уапсени 76 лица, фан гол трчаше низ улиците (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс по пауза од 10 години ја освои шампионската титула во НБА лигата.

Лејкерси предводени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис во големото НБА финале го совладаа Мајами хит со 4:2 во победи и дојдоа до 17. шампионска титула во историјата со што се израмнија со Бостон како најуспешни екипи.

НБА: 17. шампионска титула за ЛА Лејкерс (ВИДЕО)

Големиот успех на „езерцата“ очекувано беше бурно прославен од навивачите кои претераа во славењето на титулата.

Полицијата во Лос Анџелес во текот на денешниот ден уапси 76 лица додека ја славеа шампионската титула на Лејкерс, а во нередите биле повредени осум полицајци.

Навивачите не ја заборавија трагично загината легенда на Лејкерс и на НБА лигата, Коби Брајант и при славењето постојано го извикуваа неговото име.

Апсолутен хит на социјалните мрежи е навивачот на „езерцата“ кој титулата на омилениот тим ја прослави на неверојатен начин, излезе гол на улиците на Лос Анџелес. Тој на себе имаше само знаме од омилениот тим кое го крена и почна гол да трча по улиците на Лос Анџелес.

 

ЛУДНИЦА: Лејкерси заборавија играч за време на славењето, ги молеше преку Инстаграм да се вратат по него (ВИДЕО)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот