НБА: 17. шампионска титула за ЛА Лејкерс (ВИДЕО)

epa08736880 Los Angeles Lakers forward LeBron James (C-R) holds the MVP trophy after defeating the Miami Heat to win the 2020 NBA Finals at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 11 October 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Лос Анџелес Лејкерс со триумфот од 106:93 во шестиот натпревар од големото финале дојдоа до четвртата победа против Мајами и до шампионската титула. Леброн Џејмс е прогласен за МВП на финалната серија.

Тимот од Лос Анџелес прашањето околу победникот го решија во првото полувреме, односно во втората четвртина која ја добија со 36:16 и на полувреме имаа дури 28 поени разика.

Предноста во вториот дел одеше и до 33 поени, што беше доволно за рутински да го довршат натпреварот. Леброн Џејмс го предводеше ЛА Лејкерс до победата со трипл-дабл од 28 поени, 14 скоково и 10 асистенции, а одлично одиграа и Ентони Дејвид и Ражон Рондо со по 19 поени.

Ова е 17. шампионска титула за ЛА Лејкерс со што се израмнија со Бостон селтикс на листата на најтрофејни екипи во историјата на НБА лигата, а прва титула за „езерцата“ од 2010 година кога тимот тогаш беше предводен од Коби Брајант.
Големото финале против Мајами хит започна со две убедливи победи на Лејкерси кои предводени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис славеа со 116:95, односно 124:114, а нивниот противник уште на стартот се соочи со големи проблеми. Поради повреди уште на првиот наптревар Мајами остана без двајца клучни играчи Горан Драгиќ и Бем Адебајо.

Сепак, ослабениот Мајами го возврати ударот во третиот натпревар и тоа благодарение на Џими Батлер кој го предводеше својот тим со 40 поени, 11 асистенции и 13 скокови за триумф од 115:104. Во четвртиот натпревар се врати Адебајо, но и тоа не му беше доволно на Мајами да го избегне поразот од 102:96 за водство од 3:1 во победи за Лејкерс.


Во петттиот натпревар повторно Батлер стапи на сцена и со нов трипл-дабл не дозволи славје на противникот, но во шестиот натпревар немаше сили за ново изненадување.
Очекувано, за МВП на финалната серија беше прогласен Леброн Џејмс кој во шесте натпревари од големото финале имаше просек од 29.8 поени, 11.8 скокови и 8.5 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот