ЛУДНИЦА: Лејкерси заборавија играч за време на славењето, ги молеше преку Инстаграм да се вратат по него (ВИДЕО)

epa08736873 Los Angeles Lakers players celebrate with the Larry O'Brien trophy after defeating the Miami Heat to win the 2020 NBA Finals at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 11 October 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Лос Анџелес Лејкерс утринава по 17. пат ја освоија шампионската титула во НБА лигата откако во големото финале го совладаа Мајами хит со 4:2 во победи, но потоа им се случи невиден пех.

НБА: 17. шампионска титула за ЛА Лејкерс (ВИДЕО)

Имено, по славењето во салата во Дизни Ворлд во Орландо каде се играше плејофот во НБА, автобусот со новите шампиони тргна кон хотелот, но во него го немаше резервистот Квин Кук.

Плејмејкерот на Лејкерси веднаш се вклучи во преносот во живо на Инстаграм и ги замоли соиграчите да се вратат по него.
„Чекајте, ќе мора пеш да се враќам по освоената титула“, не му се веруваше на Кук дека го заборија соиграчите.
Вратете се по мене“, напиша потоа бекот на новиот шампион.

Неговиот соиграч Џеј-Ар Смит, кој беше задолжен за преносот во живо на Инстаграм од автобусот, се смееше и им порача на соиграчите
Луѓе, го заборавивме Квин“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот