Наумоски: Германските студенти преку дуално образование учат и заработуваат, можеме и ние

Германските студенти додека студираат обично и работат, затоа што се вклучени во системот на дуално образование во кое знаењето се стекнува од професорите, но и од работните места. Притоа, освен знаење, студентите заработуваат и плата. Овој модел таму функционира со децении и на тој начин обезбедува квалитетен кадар за економски раст на државата, објаснува професор Синиша Наумоски во разговор за утринската програма на „Слободен печат“. Тој како претставник во Македонија на германската високообразовна институција Хајделберг факултетот од Скопје, е вклучен во пренесување на германските искуства за дуално образование, со цел обезбедување на кадри веднаш подготвени за работа.

– Погрешно е разбирањето на дуалното образование како начин на одење на пракса. Средно стручно образование преку дуалното образование почнува да се раздвижува, но сè уште не на нивото на кое треба да биде. Идејата со Хајделберг авторитетот, со Франкфуртскиот дуален универзитет кој цело време го турка овој процес и со државниот Манхајмски универзитет кој беше уште пред две години овде, е следна: секое дете кога ќе матурира и кое ќе аплицира во универзитетот за дуални студии, универзитетот и неговите дуални партнери – компании заедно да му креираат работно место. Значи тој работи од 18 години. Е сега, тоа е веќе тема и со идните менаџери во Министерството за финансии за промена на закони, а во координација со Министерството за образование – објаснува Наумоски.

Тој вели дека токму така функционира дуалното високо образование во Германија и ја објаснува практичната страна.

– Два или три дена во неделата студентите одат на работа, а другите одат на предавање на универзитетот. Практично, во целиот циклус на студии овој германски студент е во работен однос-вели Наумоски.

Компаниите-партнери, вели Наумоски, на таков начин си градат добар стручњак, но и добиваат олеснување во даночното зафачање за секое исплатување на надоместокот на студентот.

Целото ВИДЕОИНТЕРВЈУ можете да го погледнете во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот