Науката потврди: Овој витамин е клучен во спречување на деменција

vitamin d
Фото: Unsplash

Ново големо истражување покажа дека луѓето кои земаат додатоци на витамин Д имаат помала веројатност да развијат деменција од оние кои не го земаат, е објавено во стручното списание „Алцхајмерова болест и деменција: дијагноза, проценка и следење на болеста“ (Alzheimer’s & Dementia: Diagnosis, Assessment & Disease Monitoring).

Истражувањето, спроведено од научници во Велика Британија и Канада, опфатило 12.400 учесници кои во просек имале 71 година. Утврдено е дека сите испитаници биле здрави на почетокот на студијата и не страдале од деменција.

Околу 4.600, или 37 отсто, рекле дека земаат додатоци на витамин Д, кои вклучуваат комбинација од калциум и витамин Д, холекалциферол (витамин Д3) и ергокалциферол (Д2).

Десет години од почетокот на студијата, деменција се развила кај речиси 2.670 учесници во студијата.

Од пациентите со деменција, само 679, или 25 отсто, земале додатоци на витамин Д, а 75 отсто, или 2.000 не земале сумплементи.

Утврдено е дека во групата учесници кои земале додатоци на витамин Д, биле забележани 40 отсто помалку дијагнози на деменција во споредба со другите испитаници.

„Студијата покажа дека пораното започнување со земање витамин Д може да биде особено корисно, бидејќи го спречува когнитивниот пад“, рекол Захинор Исмаил, професор на Универзитетот во Калгари и главен автор на студијата.

Интересно е и тоа што истражувањето откри дека додатоците на витамин Д имале поголема корист за одредени подгрупи учесници во студијата: за жените, луѓето со нормални когнитивни способности за разлика од лицата на кои претходно им била дијагностицирана благо когнитивно оштетување и за лицата кои не се носители на генот APOE-e4.

Научниците објасниле дека приближно 40 до 65 отсто од пациентите со деменција го носат овој ген, а тој е поврзан со регулирање на метаболизмот на липидите и го зголемува ризикот од развој на болеста.

Истражувачите веруваат дека носителите на овој ген го апсорбираат витаминот Д од цревата, што потенцијално може негативно да влијае на ефикасноста на додатоците во исхраната.

„Спречувањето или одложувањето на развојот на деменција е од клучно значење со оглед на сѐ поголемениот број на заболени луѓе“, рекол невронаучникот Бајрон Криси, автор на студијата и предавач на Универзитетот Ексетер.

Тој додал дека поврзаноста со витаминот Д во оваа студија укажува на тоа дека земањето додатоци на витамин Д може да биде многу корисно за спречување или одложување на развојот на деменција.

Во некои земји, во кои луѓето во зимските месеци се помалку изложени на сончева светлина, се препорачува да се зема витамин Д, а единствен начин да дознаете дали ви недостасува овој витамин е анализа на крвта.

Стручњаците за исхрана сугерираат дека луѓето кои сакаат да почнат да земаат суплементи на витамин Д претходно да се консултираат со својот лекар, со оглед на тоа што земањето преголема количина во некои случаи може да резултира со запек, гадење, повраќање, дезориентација и грчеви во мускулите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот