Науката докажа: Оние кои во младоста слушале хеви-метал музика станале среќни и успешни луѓе!

profimedia

Истражувачите дошле до заклучок дека учеството во т.н. маргинални култури може само да го подобри развојот на идентитетот во проблематичната младост. Научниците докажале и дека хеви-метал музиката е добра за психичкото здравје.

Кога ќе се спомне хеви-метал музика, на повеќето луѓе прво што им паѓа на памет се гласни инструменти, недолични движења, агресивност и сериозна употреба на дрога и алкохол. Но, вистината е далеку поразлична.

Жанрот на рок музиката познат како хеви-метал беше особено популарен во 80-тите години од минатиот век, а повозрасните можеби ќе се сетат на организацијата ПМРЦ (The Parents Music Resource Center), која ја основаше Типер Гор, сопругата на Ал Гор, заедно со сопругите на други влијателни личности во Вашингтон, како политичка кампања против хеви-метал музиката која поттикнува „негативни работи“.

Оваа организација ја објави листата „Петнаесет валкани“, на која меѓу другите се најдоа Принс, Шина Истон, Џудас Прист, Венити, Мотли Кру, Еј си ди си, Твистед систер, Мадона, Деф лепард, Блек сабат, Веном и Синди Лопер.

Како одговор на ова голем број хеви-метал бендови и музичари сведочеа пред конгресот и им порачаа на политичарите дека водат лажна војна против овој тип музика, зашто луѓето кои ја слушаат не се лоши.

Триесет години подоцна група психолози, истражувачи од неколку универзитети во Америка, спровеле студија во која се анализирало каде се и што прават фановите и музичарите на овие бендови. Во истражувањето учествувале неколку стотини луѓе и се испоставило дека тие воделе малку поразличен живот додека биле млади, но биле многу посреќни во процесот на растење, односно израснале во личности кои подобро се прилагодиле на животот во однос на оние кои не слушале ваков тип музика.

„Металците“ го задржале младешкиот елан најмногу од сите други испитаници и биле најмалку оптоварени со грижа на совест поради работите што ги направиле во младоста.

Главниот заклучот кој го донеле истражувачите е дека учеството во т.н. маргинални култури може само да го подобри развојот на идентитетот во проблематичната младост, но и дека текстовите на хеви-метал песните нема да ги претворат децата во „оштетени и валкани металци“, како што тврдат многумина.

Научно е докажано и дека овој тип музика е добар за менталното здравје. Група научници од Австралија тврдат дека таа го намалува стресот што го предизвикува околината и ѝ помага на индивидуата да развие посилен идентитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот