Научниците објаснија какви се мажите кои им испраќаат слика од својот полов орган на жените

профимедиа

Најновото истражување покажа какви мажи се оние кои на жените им испраќаат фотографии од својот полов орган.

Мажите кои се подготвени да им испратат фотографија од својот пенис на жените кои им се допаѓаат или се нарцисоидни или се сексисти, тврдат научниците.

Резултатите од студијата се објавени во магазинот „The Journal of Sex Research“ во која учествуваа 1.100 мажи, покажаа дека дури 48 проценти признале дека самоиницијативно испратиле слика од своите гениталии до понежниот пол.

Студијата истакна дека овие мажи покажале повисоко ниво на нарцизам и сексизам.

профимедиа

Нарцисоидните мажи имаат тенденција да си се восхитуваат на себе си често верувајќи дека тие се подобри од другите, па оттаму им е идејата да испратат такви фотографии, а нивниот сексизам е очигледен со овој потег бидејќи тие не покажуваат никакво почитување кон жените.

Научниците утврдија дека 82 проценти од мажите испраќаат такви фотографии за сексуално да ја возбудат личноста од другата страна. Со други зборови тие се сигурни дека жените ќе се возбудат кога ќе ја отворат нивната фотографија со гениталии. За жал, се испостави дека тоа во повеќето случаи не е така.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот