Научниците открија девет видови микропластика кај пациенти кои оперирале срце

Фото: Sockvault.net

Новото истражување покажа дека микропластиката се наоѓа и во ткивото на човечкото срце, објавено во списанието „Наука за животната средина и технологија“ (Environmental Science & Technology).

Човекот, во текот на годината, консумира помеѓу 39.000 и 52.000 честички на микропластика, во зависност од возраста и полот, а големината на овие честички варира помеѓу 1 μм и 5 мм. Познато е дека микропластиката завршува во храната, крвотокот и мозокот, а новото истражување покажа дека се наоѓа и во ткивото на срцето. Американското хемиско здружение соопшти дека нивните истражувачи анализирале ткиво на срце на 15 луѓе пред и по операцијата на срцето.

Користејќи ласерски инфрацрвен хемиски систем за снимање и електронска микроскопија за скенирање во текот на нивното истражување, истражувачкиот тим откри дека микропластиката постои во ткивата и пред и по операцијата. Тие, исто така, земале и примероци од крв од половина од учесниците во истражувањето, исто така пред и по операцијата, а во примероците биле откриени 9 видови микропластика, како пред, така и по операцијата. Максималниот дијаметар на микропластиката била 184 μм.

Во примероците од крв е откриена промена во видот и големината на микропластиката по операцијата, што сугерира дека микропластиката завршила во телото и во текот на операцијата.

Сепак, истражувачите забележале дека микропластиката не била универзално присутна во сите примероци на ткиво. Девет типа на честички биле пронајдени во пет типови ткива, а дијаметарот на најголемата честичка била 469 μм.

Се проценува дека секоја минута во океанот завршува камион со пластично ѓубре, а на дното на океанот има околу 14 милиони тони микропластика. Овие бројки се зголемуваат иако се прават напори да се намали глобалната потрошувачка на пластика.

„Потребни се нови истражувања за да се испита влијанието на операцијата врз внесувањето на микропластика во телото, како и потенцијалните ефекти на микропластиката во внатрешните органи врз здравјето на луѓето“, се наведува во истражувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот