Научна фантастика: Објавен е романот „Едем“ од Станислав Лем

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Едем“ од полскиот писател и футуролог Станислав Лем, најпреведуваниот автор на научна фантастика во светот. Во 2021 година се oдбележуваат 100 години од раѓањето на Лем, а објавувањето на книгата е по повод овој јубилеј. Преводот на македонски јазик е дело на Милица Миркуловска.

Напишан во 1958 година, „Едем“ ја отвора зрелата епоха во творештвото на Лем од жанрот на научната фантастика. Во издание на „Антолог“, претходно на македонски се преведени и неколку други книги од Станислав Лем – култната „Соларис“, како и „Киберијада“ и „Непобедлив“.

Станислав Лем (1921-2006) е најпреведуваниот полски писател, сатиричар, философ и футуролог, како и најпреведуваниот автор на научна фантастика од неанглиско говорно подрачје. Тој е меѓу најпознатите писатели и теоретичари на научната фантастика. Добитник е на многу престижни награди и одличија, а бил и почесен доктор на повеќе универзитети во Полска и во светот. Неговите книги се продадени во неверојатни над 45 милиони примероци.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 64, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 16-17 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот