Натпреварите од ПМФЛ ќе се пренесуваат на Арена Спорт и на МТВ

фото: ФК Работнички

Во наредните две натпреварувачки сезони на регионалниот спортски канал „Арена Спорт“ како и на Македонската телевизија (МТВ) ќе се пренесуваат мечевите од Првата македонска фудбалска лига.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во договор со 10 прволигашки клубови потпишаа нов двегодишен договор со регионалната платформа Арена спорт за телевизиските права на нашето првенство.

Во меѓувреме, Арена Спорт склучи договор со Македонска Радио Телевизија за соработка во производството на радиодифузен и сателитски сигнал, така што по два натпревари од секое коло директно ќе се пренесуваат на МТВ.

Како носител на ексклузивните права, Арена Спорт ќе има право да избере два натпревари кои секое коло ќе се пренесуваат директно на телевизијата.

Потсетување дека натпреварите од воведните кола не се емитуваа на ТВ со исклучок на мечевите на Вардар и Брера Струмица кои сами ги продадоа и преносите беа на „Спорт Клуб“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот