Наташа Гоџоска и Артан Ајро избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство
Советот на јавни обвинители денеска на седница ги избра Наташа Гоџоска и Артан Ајро за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство.
Советот гласаше по сите пријавени кандидати, а потребното мнозинство не го добија Зоран Марковски, Спасенка Андонова, Владимир Милошески, Наташа Сарамандова, Јован Серафимовски, Љубомир Лапе, Златко Биковски, Расим Деца, Дарко Јакимовски и Ленче Ристовска.
Претходно, за јавни обивинители во Јавното обвинителство беа избрани Наталија Тасевска и Елвин Вели.
Како што објави МИА, на денешната седница ќе се бираат и обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ОЈО Гостивар, ОЈО Кавадарци и ОЈО Скопје.