Наташа Беквалац и Емина Јаховиќ повеќе не сакаат мажи (ФОТО)

принтскрин

Пејачките Емина Јаховиќ и Наташа Беквалац подготвуваат нов сингл. Со објавата на Инстаграм тие ги заинтригираа следбениците со самиот назив на песната „Машко повеќе неможам…да засакам“.

Покренаа и низа коментари за тоа што точно се однесува, а повеќе од женската публика мисли дека песната е наменета за самоуверени жени кои можат да функционираат и без мажи.

– Girl power, вели едниот коментар.

Јаховиќ и Беквалац споделија заедничка фотка која настанала во текот на снимањето на спотот.

– Наскоро… Машко повеќе не можам да засакам. Фала на оваа песна, фала на овој текст, на оваа приказна… Ова така ми требаше… за душа – напиша Наташа во описот на фотографијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот