Наставниците и стручниот кадар во основните училишта во Центар учествуваат на обуки за препознавање и превенирање булинг

Фото: Општина Центар

Општина Центар во соработка со Здружението „Европски соѕвездија“ во КСП Центар –Јадро спроведува обуки за наставниците и стручните соработници од сите училишта во општината за рано препознавање, решавање и превенција на врсничко насилство (булинг).

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски истакна дека на самиот почеток на учебната година наставниците и стручните соработници од училиштата посетуваат тридневни обуки за препознавање и решавање на случаи на булинг.

-Врсничкото насилство е сериозен проблем на кој ние како локални самоуправи, под чија надлежност се основните училишта, имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за поголема безбедност во образовните установи. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството. Нашата цел е тоа да не се случи. Сите имаме одговорност, воспитувањето доаѓа од дома, но и вие како наставници и стручни служби мора да укажете и превенирате за она кое ние го пропуштаме. Очекувам од вас како наставен и стручен кадар да внимавате на овие појави во училиштата и постапите соодветно со цел безболно решавање на ситуациите, им порача Герасимовски на кадарот што ги посетува обуките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот