Наставничка имала секс со ученик пред сопругот, парот му давал марихуана и алкохол

илустрација/https://pixabay.com/

Учителката од Луизијана, 34-годишната Кимберли Велман-Рич, имала сексуални односи со 15-годишниот ученик на размена пред нејзиниот сопруг, 36-годишниот Џефери Рич, пишува „Дејли мејл“. Брачниот пар е уапсен, а подоцна со кауција ослободен за да се брани од слобода.

Сопружниците, според наводите на полицијата, освен за овој несоодветен сексуален чин, заработиле кривична пријава за снабдување на марихуана и алкохол на ученикот, кој, меѓу другото, живеел во нивната куќа додека бил на размена.

Велман-Рич, всушност, работи за училишниот систем на парохијата Лафајет, кој вклучува девет одделни области во кои постојат 16 училишта, но властите не прецизирале точно во кое училиште работи.

Наставничката била пријавена за голем број кривични дела, како и нејзиниот сопруг, а двајцата биле ослободени од затвор затоа што платиле кауција во износ од 82.500 долари.

Полицијата за КФЛУ-ТВ изјавила дека тинејџерот бил испратен дома во својата татковина откако истрагата започнала минатиот месец.

Според законот во Луизијана, законската возраст на согласност за сексуални односи е 17 години, а за да консумира алкохол личноста мора да има 21 година. Законот во Луизијана исто така забранува рекреативна употреба на канабис, иако медицинската марихуана е легална.

Лицето кое анонимно го пријавило целиот случај, ѝ рекло на на полицијата дека Велман-Рич во својот дом го угостила малолетниот ученик и дека имала сексуален однос со него.

Полицијата собрала докази поради кои тие веруваат дека нејзиниот сопруг знаел од прва рака за целиот настан, а истражителите дознале дека парот дозволил тинејџерот да консумира марихуана и алкохол во нивниот дом.

Училишниот систем на парохијата Лафајет објави дека е свесен за обвиненијата против нивната вработена и дека целиот случај ќе биде детално и темелно испитан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот