Нашата репрезентација во исчекување на ривалите во Лигата на нации

фото: ффм

Денешниот ждреб е закажан со почеток во 18.00 часот во Амстердам, во делегацијата се претседателот на ФФМ, Сејдини, и селекторот Ангеловски.

Денеска во Амстердам, УЕФА го одржува редовниот Конгрес, а потоа следува извлекувањето на групите за второто издание од Лига на нации.

Македонската репрезентација ждребот во Амстердам го дочекува од групата Ц во ист сад со Косово, Белорусија и Кипар, репрезентации против кои не можеме да играме во иста група.

Грција, Албанија, Црна Гора и Грузија се еден од нашите можни противници од првите носители во „Ц“ лигата од новото издание на Лига на нации. Естонија, Словенија, Литванија и Луксембург се можни противници за Македонија од третиот сад во Ц групата, а последниот противник во нашата група ќе се бара меѓу селекциите на Ерменија, Азербејџан, Казакхстан и Молдавија.

Извлекувањето е закажано со почеток во 18:00 часот, по завршувањето на 44. Редовен Конгрес на УЕФА. Делегацијата на Фудбалската федерација на Македонија ја предводат претседателот Муамед Сејдини и потпретседателот Лазар Ракиџиев. На извлекувањето ќе им се придружи и селекторот на А македонската репрезентација, Игор Ангеловски.

На дневен ред на Конгресот на Европската фудбалска асоцијација се наоѓа годишниот извештај, избор на еден член на Извршниот одбор и Совет на ФИФА и ратификација на составот на телата на УЕФА.

Исто така во исчекување сме дали од Европската фудбалска куќа ќе донесат одлука за евентуално одложување на плејоф мечот меѓу Македонија и Косово за пласман на ЕП 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот