Андоновски: Утре веројатно ќе се знае дали ќе се одложи мечот Македонија-Косово!

Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски, вели дека ќе има состанок, а воедно федерацијата е со мислите и за ждрепката во Амстердам.

Претходно беше објавено дека е можно поради епидемијата на коронавирусот да биде одложен полуфиналниот натпревар од УЕФА Лигата на нации меѓу Македонија и Косово кој што е најавен да се игра на 26. март во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“.

Европската фудбалска куќа е во консултација со сите Влади каде во моментов се регистрирани случаи на вирусот Ковид-19.

Во Амстердам ќе се одржи 44. Конгрес на УЕФА на кој ќе учествуваат сите 55 фудбалски национални федерации, асоцијации.

– Во попладневните часови има состанок и веројатно утре ќе има евентуално решение. Денеска во 18.00 часот одиме во Амстердам за утрешниот ждреб за Лигата на нации и веројатно ќе имаме некои информации- ни изјави портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.

Првично се говори дека доколку се одложи овој дуел, можно е истиот да се игра наредниот месец или во мај.

Освен што е актуелно прашањето дали ќе дојде до одложување, исто така ФФМ предводена од претседателот Муамед Сејдини е со мислите кон ждрепката во вторник (3. март) и церемонијата (18.00 часот) во Амстердам, Холандија, за новата сезона 2020/21 во УЕФА Лигата на нации.

Македонија откако во дебитантската сезона го освои првото место во Лигата „Д“, автоматски обезбеди повисок ранг, поточно учество во Лигата „Ц“.

Нашата репрезентација е во вториот шешир со Косово, Белорусија и Кипар и овие селекции не можат да ни бидат ривали.

1. шешир: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија
3. шешир: Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург
4. шешир: Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот