Насер Зибери за„Слободен печат“: Како Народен правобранител ќе работам „без пардон“!

Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Во извршувањето на функцијата Народен правобранител ќе ги вложам сите мои капацитети и способности и ќе делувам „без пардон“ за сите оние што се под радиус на мојата опсервација, односно ги прекршиле човековите права и слободи – изјави за „Слободен печат“ новиот омбудсман Насер Зибери. Тој ги отфрла обвинувањата на дел од албанската опозиција и невладините организации дека не е натпартиска личност.

– Тие забелешки се апсолутно неосновани. Ниту сум, ниту сум бил член на партијата ДУИ. Мојот политички ангажман престана во 2002 година, кога ми истече третиот мандат како пратеник. Како што се знае, тогаш и ПДП згасна и од тогаш не сум политички активен во ниту еден субјект. Тие забелешки дека сум бил кандидат за премиер се точни, како што е точно и дека не бев партиски кандидиран и не ги застапував боите на ДУИ.Токму албанската опозиција цело време во медиумите изразуваше вџашеност од фактот дека сум прифатил да бидам номиниран за премиер, бидејќи во континуитет сум бил негативно настроен кон ДУИ и тоа само по себе ги демантира наводите на опозицијата дека јас сум партиски обоен. Моите ставови за политичката состојба во земјата се апсолутно неутрални и не зависат од ниту една политичка конјуктура и како таков прифатив задача да бидам во служба на интересите на граѓаните, како партиски растоварена личност, изјави Зибери.

Многу сомнежи – дали новиот Омбудсман ќе ги штити правата на граѓаните

Вчера во Собранието со 61 пратенички глас „за” и ниту еден „против”, нотарот и кандидат за прв премиер Албанец, Насер Зибери беше избран за Народен правобранител. За време на собраниската расправа пратениците од опозициските партии бараа предлогот да се повлече, бидејќи Зибери, како што рекоа, не е натпартиска личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот