Многу сомнежи – дали новиот Омбудсман ќе ги штити правата на граѓаните

Насер Зибери и Али Ахмети / Фото: Фејсбук - ДУИ

Ние континуирано реагиравме за начинот на избор на новиот Народен правобранител со барања да се поништи постапката, изјави за „Слободен печат“ извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска. Прашана за коментар околу квалификациите на Насер Зибери таа кусо одговори дека она за што претходно од Мрежата за дискриминација апелирале,  сега се остварило.

„Оправдано се сомневаме дека огласот намерно не се дистрибуирал во јавноста бидејќи кандидатот за Народен правобранител е веќе договорен помеѓу партиите. Оттука, пропаѓаат сите ветувања за департизација на општеството, а особено за независните институции за човекови права кои имаат мандат да ги штитат правата на граѓаните од власта. Прашуваме, како е возможно кандидат назначен по партиски клуч ефикасно да ги штити правата на граѓаните кога тие се повредени од страна на истата власт?!“, соопштија неодамна од Хелсиншки комитет.

Оттаму додаваат дека ветувањето за „едно општество за сите“ ќе остане празна предизборна флоскула доколку не се назначуваат соодветни кадри.

Со 61 пратенички глас „за” и ниту еден „против”, нотарот и кандидат на ДУИ за прв премиер Албанец, Насер Зибери беше избран за Народен правобранител. За време на собраниската расправа пратениците од опозициските партии бараа предлогот да се повлече, бидејќи Зибери, како што велат, не е натпартиска личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот