Нарко-галеб СПАСИ Швеѓанец – Полицијата тргнала да го уапси заради марихуана, ама клучниот доказ ИСЧЕЗНАЛ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Маж од Шведска бил на сигурен пат да биде уапсен кога полицајци го фатиле со ќесичка марихуана, но во последен момент го спасил галеб кој ја собрал ќесичката и одлетал со нејзе.

Шведските полицајци биле на Гетеборшкиот фестивал и здогледале жена со џоинт во рака, па тргнале да ја уапсат.

Кога тргнале накај нејзе виделе маж кој побрзал да фрли ќесичка со марихуана, за да не го уапсат и него со нелегална дрога.

Во тој момент тие се упатиле накај него и тргнале да ја земат ќесичката. Галебот, меѓутоа ги надитрил и ја собрал ќесичката летајќи во далечините, на тој начин спасувајќи го мажот кој поминал без поголеми последици.

Сепак полицијата ја уапсила жената која во раката имала џоинт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот