Направила јога поза на балконската ограда на шестиот кат, а потоа ја ЗАГУБИ РАМНОТЕЖАТА! – Слободен печат
ВестиПланета

Направила јога поза на балконската ограда на шестиот кат, а потоа ја ЗАГУБИ РАМНОТЕЖАТА!

Алекса Теразас од Мексико падна од шестиот кат додека вежбаше јога на балконот - и преживеа.

Студентката изведуваше екстремни јога пози на оградата на нејзиниот балкон кога се лизна и падна од скоро 25 метри директно на паркингот.

На фотографијата направена од Терезас, на момент пред несреќата, се гледа како 23-годишната девојка со главата наопаку виси од балконот, додека целата тежина на нејзиното тело лежи на оградата.

Девојката паднало околу 13 часот по локално време и веднаш била пренесено во локалната болница во Нуево Леон.

Според информациите таа има преку 100 скршени коски на нозете, рацете, колковите и главата и сè уште е во критична состојба по 11-часовната операција.

Семејството бараше крводарители на социјалните мрежи. Според лекарите, девојчето нема да може да оди барем три години, пренесува „Дејли меил“.

Соседите изјавија дека и претходно ја имаат видено како вежба на балконот и изведува опасни пози со помош на оградата на балконот како поддршка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close