ВИДЕО: Направете го сами најевтиното и најдобро средство за чистење на стаклата

Понекогаш едноставно не е доволно да купувате разноразни средства за чистење, особено кога станува збор за прозорците. Од многу производи остануваат бели траги и прозорците никогаш не се блескаво чисти.

Ако сакате на едноставен, брз и евтин начин да го направите најдоброто средство за отстранување на нечистотијата од прозорците, пробајте го овој рецепт.

Ова домашно средство за чистење на стакло воопшто нема да му наштети ниту на вашето здравје.

Состојките кои ви се потребни најверојатно ги имате во домот, а тие се:

– 2 чаши вода

– 1/4 чаша алкохолен оцет

– половина лажица средство за миење садови.

Сите состојки полека помешајте ги со цел да не создадете пена. Нанесете со прскалка на стаклото и избришете со памучна крпа.

Со ова средство можете да ги чистите и стаклата од туш кабината бидејќи совршено ќе ги отстрани дамките од бигор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот