Наполи ги праша навивачите, што му посакувате на Сари? (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

Наполи ги праша навивачите, што му посакувате на Сари? (ВИДЕО)

Фановите на Наполи во една анкета имаа интересни одговори за својот поранешен шеф, едни со лоша намера, други му посакуваат само „добра среќа“.

„Кога не можеш да ги победиш“, придружи им се“, впечатокот е дека со овие зборови Сари одлучи после една година во Челзи да седне на клупата на Јуве.

А пред три години неуспешно се обидуваше да ја симне „Старата дама“ од италијанскиот трон. Беше икона на клубот, нови рекорди со Наполи кога е во прашање бројот на бодовите во Серија А, но и тоа не беше доволно.

Владееше тензија меѓу двете страни, Сари ги обвинуваше судиите дека му „подаруваат“ пенали на Јуве, а воедно беше и во конфликт со навивачите на овој клуб.

Со Челзи го освои трофејот во Лига Европа и за својата прва титула им се заблагодари и на навивачите на Наполи.

Во една анкета ги прашваа навивачите на Наполи што му посакуваат на својот поранешен шеф. Имаа интересни одговори, не се сите морбидни како што се гледа на видео записот.

Едни не му посакуваат успех, други немаат лоши намери, едноставно само му посакуваат добра среќа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close