Нападнатото момче останува на Неврохирургија, по напаѓачот се уште се трага

Фото: Слободен печат

Полицијата се уште го бара напаѓачот на 19-годишното момче, кое со тешки повреди на главата заврши на Клиниката за неврохирургија. Инцидентот се случи вчера кога момчето од непознато лице беше нападнато среде бел ден во близина на Машинскиот факултет во Скопје.

Напаѓачот му пристапил на момчето од зад грб и со тврд предмет го удрил по главата. Голем број очевидците на полицијата и дадоа детален опис на напаѓачот.

Како што информираат од Клиниката за неврохирургија  општата состојба на момчето се подобрува, а внатрешното крварење во главата е под контрола и нема потреба од хируршка интервенција. Направено е и контролно снимање, по што пациентот  од интензивна нега е префрлен на одделение, но останува во болница на понатамошно следење.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот