Нападнат новинар во Црна Гора – фелата го осуди нападот и бара статус на службени лица

Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа најстрого го осудува нападот на новинарот на ТВ Вијести Сеад Садиковиќ и поднесе иницијатива до Владата на Црна Гора на новинарите да им се додели статус на службени лица.

Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа најстого го осудува нападот на новинарот на Телевизија Вијести Сеад Садиковиќ кој се случи во саботата вечер на 20. март годинава во Бијело Поље. Садиковиќ го нападнала група од повеќе лица, која покрај навреди му нанела и полесни телесни повреди, стои во соопштението потпишано од извршниот директор на Асоцијацијата, Вук Мараш.

Тие ги повикуваат сите институции на системот во Црна Гора под итно да ги процесуираат сите напаѓачи на Сеад Садиковиќ и конечно да испратат порака дека насилството над новинарите повеќе нема да се толерира.

Поради фактот што Црна Гора е една од земјите со најмногу нерасветлени случаи на напади врз новинарите и имотот на медиумите, и дека паралелно таквите напади континуирано се случуваат, Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа денеска поднесе до Владата на Црна Гора иницијатива на новинарите во Црна Гора да им се додели статус на службени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот