Нант и Лазаров се намачија со ППД Загреб, ПСЖ го растури Киелце

Кирил Лазаров (Нант) има петти најубав погодок на колото во Европската ракометна лига/Фото: EPA-EFE/Sandor Ujvari

Екипата на Нант успеа во финишот да го скрши отпорот на одличниот ППД Загреб и да слави со 30:28 во Лигата на шампионите.
На клупата на ППД Загреб дебитираше поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван кој може да биде задоволен од прикажаната игра на неговите ракометари. Во првото полувреме,

Нант подобро го отвори натпреварот и во еден момент имаше предност од три гола (9:6), во хрватските ракометари успеаја да се вратат и да направат пресврт и на одмор да заминат со 13:14.

И во второто полувреме двете екипи имаа свои моменти, ППД Загреб поведе и со 13:16, додека Нант успеа да се врати во игра и од средина на вториот дел да го презеде водството (20:18) кое не го испушти до крајот на натпреварот.
Селекторот и капитен на македонската репрезентација, Кире Лазаров во триумфот на Нант учествуваше со три постигнати гола, и имаше неколку одлични асистенции. Ривера беше најдобар во тимот на Нант со 10 гола, на спротивната страна, Мандиќ и Хрстиќ постигнаа по пет погодоци.

Во дербито, ПСЖ буквално го растури Киелце победувајќи го со 37:26. „Светците“ работата ја завршија уште во првото полувреме кое го добија со 19:10. Микел хансен со шест голови беше најефикасен кај ПСЖ, додека Душебаев и Сичко постигнаа по пет гола за Кил.

Европскиот шампион Кил ја оправда улогата на фаворит и со 28:26 го совлада Алборг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот