Нанголо Мбумба положи заклетва како четврти претседател на Намибија

Актуелниот потпретседател Нанголо Мбумба положи заклетва како четврти претседател на Намибија, откако вчера почина шефот на државата Хаге Гејнгоб, јави ДПА.

Церемонијата се одржа во претседателската палата во главниот град Виндхук и беше емитувана на националната телевизија.

Мбумба има долга политичка кариера со владејачката партија Народна организација на Југозападна Африка и во минатото служеше како министри за финансии, образование и безбедност.

На церемонијата, тој му оддаде почит на својот претходник, кого го опиша како визионер кој одигра значајна улога во креирањето на уставот на земјата.

Гејнгоб почина на 82-годишна возраст во раните утрински часови во болница во главниот град на Намибија, откако на почетокот на јануари му беше дијагностициран рак. Неодамна се врати од патување во САД каде што беше подложен на третман за неговиот рак.

Гејнгоб беше третиот претседател на Намибија и беше на функцијата од 2015 година. Тој одигра клучна улога во постигнувањето на независноста на Намибија во 1990 година.

На церемонијата денеска положи заклетва првиот потпретседател на Намибија, Нетумбо Нанди-Ндаитва, кој претходно беше вицепремиер и министер за меѓународни односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот