НАМЕСТО РАЗВОД – СРЕЌНА ВЕСТ: Амал Клуни повторно носи близнаци?

профимедиа

После шпекулациите дека Џорџ Клуни ја изневерува сопругата Амал и озборувањата дека во нивниот брак не цветаат рози, сега странските медиуми пишуваат дека нивното семејство наскоро би можело да добие уште два нови члена.

58-годишниот актер Џорџ Клуни и неговата 17 години помлада сопруга наводно биле на вештачко оплодување, а ин витрото било со позитивен исход.

Анонимен извор наведува дека Амал веќе четири месеци е во блажена состојба и носи близначки, а оваа убава вест со семејството и пријателите планираат да ја споделат на Божиќ.

профимедиа

Освен тоа, оваа бременост, како што вели изворот, дошла во вистински момент.

Поминаа низ тежок период, но по се изгледа сега ги решија сите несогласувања. Џорџ не излегува толку често како порано, а на Амал тоа и значи. Сега уживаат во заслужената среќа, рекол добро информираниот извор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот