Наместо ноќни трки, панел дискусија и симболично трчање на „Струмица опен фестивал”

Настанот ќе се одржи вечер, а организаторот ги поканува сите љубители на трчањето, спортисти и поддржувачи на Полумаратонот „Струмица на улица” да бидат дел од една поинаква приказна .

Ноќните трки, кои се одржуваа во изминативе две години во рамки на „Струмица опен фестивал”, годинава се заменети со панел дискусија и симболично трчање низ Градскиот парк во Струмица.

Настанот ќе се одржи вечер, а организаторот ги поканува сите љубители на трчањето, спортисти и поддржувачи на Полумаратонот „Струмица на улица” да бидат дел од една поинаква приказна .

Во рамките на настанот предвидени е панел дискусија со Даниел Трбогазов на тема „Совети и трикови за правилно загревање и истегнување” и д-р Александар Стојменов, кој ќе зборува за „Улогата на исхраната при достигнување на личните цели и рекорди”.

По завршувањето на двете панел дискусии и одговарање на прашања, учесниците заеднички ќе истрчаат симболичен круг во Градскиот парк со што ќе испратат порака дека желбата за продолжување на настанот и користење на улиците за спортски настани неколку часа во годината се уште трае.

Организаторот, Здружението „Културен забавен живот”, потсетува дека е задолжително носење на лична заштита, задолжително физичко растојание и дезинфекција на рацете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот