Накитот на Наполеон на аукција во Женева: Колкава е цената на прочуениот „Мелон Блу“ дијамант?
Накитот што некогаш му припаѓал на Наполеон Бонапарта ќе биде понуден следната недела на аукциите во Женева, а особено внимание привлекува прстенот со синиот дијамант од 9,51 карат, чија вредност се проценува на меѓу 20 и 30 милиони долари.
Препорачано
На аукцијата на „Сотби“, која ќе се одржи на 12 ноември, ќе се најде и брош на Наполеон, што го пронашле припадниците на пруската војска по Битката кај Ватерло, пренесе „Фигаро“.
Овој брош, чија вредност се проценува меѓу 130.000 и 220.000 евра, се наоѓал меѓу личните предмети што императорот морал да ги остави зад себе додека бегал од англиските и пруските војници по прочуената битка.
Во центарот на кружниот брош, со дијаметар од околу 45 милиметри, се наоѓа голем овален дијамант од 13,4 карата, опкружен со речиси стотина мали дијаманти распоредени во два реда.
На аукцијата на „Кристи“ ќе биде понуден и прстен со син дијамант со исклучителна чистота, познат под името „Мелон Блу“, затоа што во 20 век со децении ѝ припаѓал на американската филантропка и колекционерка на уметнички дела, Бани Мелон.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
36мин
-
51мин
-
2час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


