Највлијателните луѓе во светот на тенисот: Рожер, Серена, Новак…

twitter/Tennistonic

Престижниот француски магазин „Лекип“ направи листа на 20. највлијателни луѓе во тенисот.

Очекувано на првото место се наоѓа освојувачот на рекордни 20 грен слем титули, Рожер Федерер.

Веднаш зад него и најдобрата тенисерка во историјата, Серена Вилијамс, додека веднаш зад нив е Новак Ѓоковиќ.

Влијанието на Ѓоковиќ е големо не само поради тоа што е еден од најдобрите тенисери во историјата и моменто лидер на АТП ранг листата туку и поради тоа што е претседател на советот на Унијата на тенисери.

По нив следат, директорот на Австралија Опен Крег Тили, легендарната Били Џин Кинг, првиот човек на АТП, Андреа Гауденци како и претседателот на ВТА, Стив Сајмон, тениски агенти…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот