Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Фото: МИА

Во државава најстудено изутринава е во Берово, каде во 7 часот се измерени – 7 степени, по што следуваат Битола и Тетово со – 5, Скопје-Петровец, Куманово, Прилеп, Штип, Велес, Струмица и Демир Капија, – 4 степени, Кавадарци и Маврови Анови, – 3, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка и Дебар, – 2, Охрид, Претор и Виница – 1.

Како што информира УХМР, најмногу снег, 43 сантиметри, има во Маврови Анови, а снежната покривка во Крушево е 27 сантиметри, во Попова Шапка 15, а Берово шест.

Времето денеска ќе биде сончево, по котлините со појава на магла. Ќе биде претежно тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот