Најсексипилната жена на денешницата: Два пати годишно се тестира за ХИВ, сега ШОКИРАШЕ со новата одлука!

EPA / Nina Prommer

Таа зад себе има два пропаднати брака, кои и траеа по три години.

Холивудската глумица Скарлет Јохансон важи за една од најубавите, но и најинтригантните жени на денешницата.

Таа, кога станува збор за сексот е многу отворена, повеќе пати јавно истакнала дека има секс и без заштита и дека токму поради тоа два пати годишно се тестира за ХИВ вирусот.

Зад себе има два пропаднати брака, кои и траеа по три години, па сите се убедени дека прекрасната плавуша никогаш нема да се смири покрај еден маж, но сега повторно ја шокираше јавноста – Скарлет потврди дека одлучила по трет пат да го изговори судбоносното ДА!

Имено, таа пред две години го прифати вереничкиот прстен од дечкото Колин Џост, но изгледа дека сега свадбените ѕвона навистина се во најава.

EPA / Nina Prommer

„Иако многумина така мислат, не сум промискуитетна. Се чини дека постои некое погрешно уверување дека, во сексуална смисла, сум прилично лесно достапна, што не значи дека не сум отворена кон сексот. Се грижам за здравјето и се тестирам за ХИВ вирусот два пати годишно“, изјави Скарлет уште во 2016 година во интервјуто за „Allure“. Токму поради оваа изјава глумицата почна да важи за „лесна жена“, но таа тогаш изјави дека секој човек треба да се грижи за сопственото здравје и редовно да се тестира за сексуално преносливите болести и нагласи дека на тој начин она само внимава на своето здравје.

Дали до свадба со комичарот навистина ќе дојде останува да видиме…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот