Најнизок рејтинг досега – расте цената на горивата, паѓа довербата на Трамп
Рејтингот на Доналд Трамп падна на 36 проценти, што е најниско ниво откако се врати во Белата куќа, покажува најновата анкета на Ројтерс/Ипсос. Падот доаѓа во период на раст на цените на горивата и зголемено незадоволство од воените активности на САД во Иран.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Само 36 проценти од испитаниците го одобруваат начинот на кој Трамп ја води функцијата, што е пад од 40 проценти во однос на претходната недела.
Ова е најниската забележана поддршка од почетокот на неговиот втор мандат.
Ставовите на граѓаните значително се влошиле поради растот на цените на горивата, кој следеше по американско-израелските напади врз Иран.
Само 25 проценти од испитаниците го поддржуваат начинот на кој Трамп се справува со трошоците за живот, иако токму ова прашање беше клучно во неговата изборна кампања.
Околу 35 проценти од Американците ги одобруваат воените удари врз Иран, додека 61 процент се против.
Ова претставува дополнителен пад на поддршката во однос на претходната анкета.
И покрај општиот пад, Трамп и понатаму има силна поддршка во рамките на Републиканската партија. Само еден од пет републиканци изразил незадоволство од неговото работење.
Сепак, незадоволството и кај нив расте кога станува збор за економските прашања, особено трошоците за живот.
Истражувањето било спроведено онлајн низ САД и опфатило 1272 возрасни лица, со маргина на грешка од околу три процентни поени.
Резултатите покажуваат дека и покрај падот на личниот рејтинг, републиканците сè уште имаат мала предност во перцепцијата за управување со економијата.


