Најмногу смртни казни во САД од 1800 година: Извршени 10 егзекуции, уште тројца во јануари со „мој термин“

Фото: Википедија

Годинава што изминува, за првпат во историјата, се извршија повеќе смртни казни во САД отколку во сите земји во светот заедно, се вели во годишниот извештај на Центарот за информации за смртните казни од Вашингтон.

По седумнаесетгодишна пауза, претседателот Трамп нареди извршување на смртните казни во целосен обем, па беа спроведени рекордни 10 егзекуции во САД во текот на 2020 година, ќшто е најголема бројка од 1800 година.

– Ова никогаш порано не е видено. Дури не се надевавме дека ќе се случи вакво нешто и веројатно ќе помине многу време пред да се повтори вакво нешто, ако некогаш се повтори, изјави Роберт Данам од Центарот за информации за смртни казни во Вашингтон.

Администрацијата на Трамп закажа уште три егзекуции во јануари, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот