Најмалку тројца убиени на најпознатата плажа во Акапулко

Полиција на Мексико / Фото EPA-EFE/David Guzmán

Најмалку три лица беа убиени на плажите во мексиканското летувалиште Акапулко во претходните денови, а една жртва беше убиена од напаѓач кој дошол од морето со чамец и побегнал на ист начин, јави Си-Би-Ес Њуз.

Гувернерот на пацифичката мексиканска република Гереро, каде што се наоѓа Акапулко, рече дека назначил 60 вооружени детективи да патролираат по плажите по неодамнешните насилни инциденти.

Насилството продолжува и покрај присуството на неколку илјади војници и Национална гарда распоредени во градот откако беше погоден од разорниот ураган Отис од петта категорија во октомври.

Тогаш загинаа 52 лица, а 32 се водат како исчезнати, додека речиси сите хотели во Акапулко беа тешко оштетени. Поправени се само дел од оштетените хотелски соби, околу 5.000.

И покрај големото присуство на војската, нивото на насилство од бандите не е намалено.

Владата на мексиканската република Сонора, која се наоѓа северно од Гереро, предупреди дека нарко картелите регрутирале локални млади луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот