„Најмалку интересна работа за мене е дека сум геј“: Васил Гарванлиев е спремен да биде гласот на ЛГБТИ заедницата од Македонија

Facebook
Facebook

Нашиот претставник на овогодинешниот Евросонг, Васил Гарванлиев, во неодамнешно интервју за британскиот магазин „Attitude“ изјавил дека да се биде хомосексуалец е веројатно најмалку интересната работа за него, но и дека е тешко да се зборува на таа тема.

Сексуалноста на Васил, според магазинот „Attitude“ неизбежно, ќе стане една од најинтересните делови од приказната на 36-годишниот пејач како дел од неговиот евровизиски настап со песната „Here I Stand“. Зошто? Тој ќе се качи на сцената во Ротердам како еден од првите претставници од нашата земја кои некогаш јавно го споделиле својот сексуален идентитет, велат од магазинот.

Стихот кој е постојано во мојот ум е: „My walls are down, my heart is in your hands“ (Моите ѕидови се спуштени, срцето ми е во твоите раце), изјавил Васил додавајќи:

„Нешто ми кажа дека ова е вистинскиот момент да споделам сѐ за себе – буквално да ги спуштам сите ѕидови и да бидам тоа што сум – што воедно е и најнеинтересното нешто за мене, фактот дека сум геј“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)

Како и поголемиот дел од Балканот, така и Северна Македонија според магазин „Attitude“ заостанува далеку зад Западна Европа кога станува збор за прифаќањето на ЛГБТИ: сексуалните активности од ист пол не биле легализирани дури до 1996 година, а било потребно до октомври минатата година за да се направи понатамошен правен напредок, кога предлог-законот за дискриминација на ЛГБТИ бил усвоен по повеќе години правни расправии околу ова прашање. Дури во 2019 година се одржало првото Дефиле на гордоста во земјата, поточно во главниот град Скопје: мал настан кој привлекол околу илјада демонстранти.

„Роден сум и пораснат во Македонија каде што дефинитивно не е во ред да се биде геј, или нешто од тоа“, споделил Васил, дополнувајќи дека „мнозинството од модерните ЛГБТИ сцени во земјата остануваат скриени или тајни“.

„Секогаш кога ќе се вратев дома, на Балканот, во Македонија, чувствував потреба да ставам маска. Сочувствувам толку многу со сите кои живеат во страв од пресуда, дискриминација, неправда, малтретирање“, изјавил Гарванлиев за „Attitude“

„Како уметници, ние сме одговорни да зборуваме вистината – особено ако сум ја пробал слободата, а сум го сторил тоа“, додава Васил.

Извор: „Attitude“

Потрага по корените на Васил Гарванлиев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот