Најмалку 33 војници загинаа во напад во Буркина Фасо

Во вчерашниот напад во источна Буркина Фасо загинаа 33 војници, а 12 беа ранети, соопшти владата предводена од војската, што е последниот бран на насилство во земјата која се бори против бунтот на џихадистите.

Нападот извршен вчера изутрина беше насочен кон воен одред во градот Угару во источна Буркина Фасо, а армијата соопшти дека опколените војници убиле најмалку 40 „терористи“.

Буркина Фасо е една од неколкуте западноафрикански земји кои се борат со насилниот исламистички бунт што се прошири од соседно Мали во изминатата деценија, што доведе до илјадници загинати и раселени повеќе од два милиони луѓе.

Насилството во земјата се зголеми во последниве месеци додека властите се борат да ја вратат контролата на теренот, додека вооружените сили исто така беа обвинети за неселективно убивање цивили за време на мисии против бунтовниците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот