Најголемата убавица од 90-тите години ги покажа лузните од козметички третмани: Сакав да бидам убава

Instagram

Поранешниот супермодел Паулина Поризкова неодамна проговори за тоа дека била жртва на врсничко насилство додека била ученичка, но и за лузните по козметички третман со плазма пена, кој може да остави опасни последици доколку не се направи професионално.

Една од најпознатите модели на модните писти во 90-тите години на минатиот век, на социјалните мрежи сподели фотографија покажувајќи како изгледа по третмат со плазма пена. Тоа е неинвазивна постапка за затегнување на кожата со ласерски третмани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

Во описот на фотографијата, Поризкова напиша дека вистинската убавина не е секогаш таа што ја гледаме од прва и истакна дека мислењето на другите може многу да ја разниша самодовербата на човекот.

Мислам пред сè на физичкиот изглед. Сите знаеме дека вистинската убавина е многу повеќе од тоа, но еве како изгледам по третман со плазма пена затоа што сакав да бидам поубава“, напиша 55-годишната Паулина.

Поранешниот модел додаде дека кога имала 14 години, била жртва на врсничко малтретирање токму поради физичкиот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

Мислев дека тоа ми се случува затоа што бев многу грда. Така ми велеа. Ми велеа дека изгледам како пијана жирафа, искубена кокошка и валкан комунист“, рече Паулина, која по потекло е од Чешка.

Сите коментари беа од девојки. Да имав пристап до пластичка хирургија тогаш, ќе ги зголемев усните, ќе ги корегирав забите, ќе ставев импланти на градите, ќе направев липосукција на бутовите и што ли уште не…“, вели таа.

Една година подоцна, Поризкова веќе имала бројни ангажмани како модел во Париз, градејќи одлична кариера и сето она што ѝ се чинело грдо на неа, другите почнале да го обожаваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

Сакав очајно да се вклопам. Но, наскоро ме наградија токму за деловите од мене за кои мислев дека ги мразам. И тоа ми даде непроценлива лекција. Јас не се променив, се променија мислењата на луѓето за мене“, вели таа, посочувајќи дека имала неверојатна среќа во животот.

Што се случува со жените кои никогаш не добиваат одобрување од општеството за нивниот изглед? Тие се принудени да се откажат или да станат борци. И не можете да обвините или да судите, бидејќи таа општествена структура е поставена одамна, и таа прерасна над нас како катаракта, замаглувајќи ја нашата визија за вистинската убавина“, заклучи Поризкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот