Фото: Profimedia

Најголемата енергетска компанија во Украина, смета дека граѓаните треба да ја напуштат земјата

Шефот на најголемата украинска приватна енергетска компанија „ДТЕК” Максим Тимченко денеска изјави дека граѓаните треба да размислат за напуштање на земјата за да се намали потрошувачката на електрична енергија во земјата.

„Ако граѓаните можат да најдат алтернативно место за престој уште три или четири месеци, тоа може да биде од голема помош за системот“, изјави Тимченко за Би-Би-Си.

Руските напади оштетија речиси половина од енергетскиот систем на Украина, а милиони луѓе се без струја.

„Оштетениот енергетски систем сè уште не е во состојба да произведе доволно електрична енергија за да ги задоволи моменталните потреби, така што на секој начин да се намали потрошувачката, вклучително и напуштање на земјата, треба да се гледа како помош на Украина да победи во војната против Русија“, објасни Тимченко.

Тој додаде дека енергетскиот систем станува помалку сигурен со секој руски напад, а намалувањето на потрошувачката на електрична енергија е клучот за негово одржување.

„Ако трошите помалку, тогаш болниците кои се грижат за повредените војници ќе имаат загарантирано снабдување со електрична енергија. Кога гледаме така, со користење помалку струја или заминување, граѓаните придонесуваат и за другите луѓе“, изјави Тимченко за британскиот јавен сервис.

Нападите на Русија врз украинската инфраструктура се интензивираа по украинската контраофанзива во областа Харков и повторното влегување во Херсон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот